ЦАРОВСКА: СО ПОДДРШКА, А НЕ КАЗНИ ДО ПОКВАЛИТЕТНА РАБОТА НА НАСТАВНИЦИТЕ

//

Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок туку поддршка, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Сите надзори имаат цел да бидат советодавни и едукативни. Многу е интересно што со години Министерството за образование и наука и институциите под него, се однесуваа наредбодавателно кон наставниците, сакајќи со притисок да постигнат квалитет. Тоа не се постигнува и затоа ние, нашата идеја, како ова Министерство функционира додека јас сум министер, главниот збор е поддршка, што укажува на тоа дека наставниците, дури и да имаат надзор, дури и да имаат посета од Државен просветен инспекторат(ДПИ), тоа не е за да бидат казнети, туку за нивната работа да биде поддржана и да биде поквалитетна и така работиме“, укажа министерката Царовска.

Преку Државниот просветен инспекторат направени се повеќе од 4200 надзори, околу 2700 се редовни, 1400 се вонредни, и одредени се 295 контролни, за да се види дали се отстранети забелешките.



Царовска рече дека сите институции под Министерството се информирани дека во овој период бирократијата е најмалку важна. Најзначајно е менталното здравје на наставниците, менталното здравје на учениците и нивната врска којашто треба да ја имаат во континуитет во текот на училишната година.

Претходна статија

ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ТИРАНА ОД ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА

Следна статија

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: ВЛАСТА ДА ОБЕЗБЕДИ ВАКЦИНИ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР

Најново од Вести