Македонската цестовна афера
Facebook статус на Арсим Зеколи
Една од подзаборавените афери на еск-СФРЈ беше тнр. Цестовна Афера во 1969 година помеѓу републичката водство на Словенија предводено од Стане Ковчич и сојузната влада предводена од Митја Рибичич. Повод беше изградбата на автопат од Шентиљ до Нова Горица и Копар со цел полесно поврзување на Словенија со западните земји. Дел од средствата требаше да се обезбедат од Словенија а дел од Меѓународната банка за обнова и развој. Сојузната влада се спротистави сметајќи дека меѓународните средства треба да се вложат во јужните неразвиени републики и покраини преку автопатот Братство-Единство. Одбивањето на проектот предизвика протести во словенската јавност и демонстрации низ градови. Спорот го прекина ЈБ Тито кој ги оптужи словенците за
национализам и подривање на братство-единството. Аферата сепак ќе влијае на разрепување на словенското раководство по МасПок во Хрватска и Либералите во Србија, а подоцна и при отцепувањето на Словенија.
Сличностите помеѓу Цестовна Афера и денешната Бехтел-Енка сага се лесно видливи и препознатливи. Единственото кое недостасува е соломонскиот меч на Маршалот кој преку одбивање на Љубљана си обезбеди аргумент за справување со поголемите предизвици од Загреб и Белград.
Времето покажа дека Словенците биле во право за целисходноста на патот кон западните земји, кој подоцна масовно ќе го користат сите републики и покраини. И таа целисходност ја дефинира разликата помеѓу политичкаѕта економија во позадината на одлуката на Тито и економската политика во позадината на Цестовна Афера 1969 и Бехтел-Енка 2023.
Суштината на спорот околу Коридорот Б&E најлесно се објаснува низ споредбата со логиката на сивата економија како коректив на службената економија. Како што пиратеријата во филмот и музиката беше нус-производ на нереално скапите оригинални дискови, касети, цд-а, така и логиката на Б-Е коридорот е изнуден коректив на легалистичката економија која и не доведе во оваа состојба. Легалистичкото промислување придонесе да Македонија ги изгуби инвестициите на Ауди, на Волксваген или претходните понуди на Бехтел Енка во 90тите. Логиката на политичката економија на олигархијата беше фаворизирана на сметка на економската политика на пазарот, понудата и потребата со која ќе обезбедевме пристојна основа за севкупен развој.
Некои, затоа, оваа понуда на Б-Е ја сметаат како казна за поранешните непромислености, но сепак попрво станува збор за коректив, изнудено зло или нус-ефект на неподносливата, задушувачка и деструктивна доминација на легалистичката логика “зошто не” наместо пазарната логика на “зошто да”. Кој е можниот начин за приближување на овие ставови во компромис кој обезбедува реализација на проектот и уважување или ублажување на сомнежите за корупција?
Би било упатно да САД, поточно Амбасадата на САД во тандем со Делегацијата на ЕУ прифатат и пристапа кон формирање на надворешно, независно, автохтоно набљудувачко тело. Во состав од не повеќе од 9 лица, избрани од Амбасадата и Делегацијата кои ќе ги наљудуваат финансијските токови поврзани со Коридорот, особено ад аспект на ликовите поврзани со финансиите, буџетот и нивната работа. Таквото тело е пожелно да биде со состав познат на клучните ликови во двете дипломатски седишта и анонимни за власта, институциите, медиумите и севкупната јавност. Притоа, САД и ЕУ ќе се обврзат да наодите, забелешките, пријавите на таквото тело ги објавуваат во целост и без авторство.
Ако ништо, барем да не се каже дека само критикуваме и не даваме сугестии и предлози.
