ОД „ТАТАРОТ“ СО ЉУБОВ…

Јас „татарот“ од Пиринска Македонија ти се обраќам тебе Македонецу од Република Македонија со љубов.

loading...

Јас не те мразам иако во еден период од мојот живот бев воспитуван да ги мразам… Бугарите. Но ти почитуван, како што самиот велиш не си Бугарин и никој не смее тоа да ти го наметне. Тука се согласувам. Но ќе те потсетам дека, Македонец не си само ти, кој што се жалиш дека „бугарските агентурни мрежи“ сакаат да те претстават како бугаромразец и примитивец, Македонец сум и јас бидејќи сум роден во Македонија, ја сакам Македонија и фактот што не сум Македонец како тебе, а како д-р Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Борис Сарафов, Тодор Александров, Иван Михајлов и др, не ме прави помалку Македонец и слободно можам да кажам македонски патриот.

Јас и ти се разликуваме во многу работи и можеби само Македонија е убавината што нѐ поврзува.

Мојата љубов кон Македонија не се изразува во омраза кон никого. Јас немам потреба да ја докажувам мојата македонштина, плачејќи по времето на Маршалот, кога бугарашите ги јадела црна помрачина.

Јас не сум бугараш, јас не сум ни бугарофил, јас сум Бугарин од Македонија, ете слободно можеш да ме нарекуваш татар, не се лутам. Татар е и Марат Сафин, ништо страшно и навредливо.

Јас татарот немам потреба да се правдам за тоа што сум, бидејќи што и да сум кажал или напишал излегло од мојата суштина и не било наменето за да ја допингува мојата национална свест.

Ти си тој кој со своите пишувања ме навредуваш мене и многу други луѓе со кои јас делам иста судбина, а имено, да си бидат свои на своето, а да се чувствуваат како агресори, окупатори и предавници на сопственото родно огниште.

Јас не ти солам памет за тоа што си! Со кое право ти, актерот, прошетаниот човек (ти бакнувале нозе во Стара Загора) си дозволуваш да ги навредуваш луѓето што не размислуваат како тебе? Да стигматизираш цела една нација? Со еден статус на фејсбук, како ти не си мразел оти така те воспитале да не мразиш, нема како да ја испереш навредата.

Проститутките што требало да ги прати Каракачанов да доаѓаат ли или ќе смислиш нешто подуховито? И направи апдејт на она сељачката фора за двете червени. Си ебел ли ти Бугарки за две червени, или си слушал муабет од некој, чии брат  слушнал, оти некој друг му се фалел дека ебел?



loading...

Не. Да си ебел, ќе ти беа посмирени хормоните и немаше да бидеш толку преокупиран со Бугарите (и мажи и жени).

Не им се плаши на „агентурните мрежи“, после оној помирувачки и објаснувачки статус што си го пишал, може на некој во Софија да му текне да те покани да направиш стенд-ап шоу. Можеби и книгите твои некој ќе сака да ги претстави пред бугарската јавност. Можеби веќе и се преведени, жалам ама од толку бисери за Бугарија и Бугарите немам време да ти ја следам писателската кариера.

Пцуј ме на раат. Јас сум горд човек. Можеш и на мајка, на почетокот на ноември ќе и вадиме една година откако си замина. Нејзиниот дедо не бил партизанин, ниту носел петокраки, ниту бркал Бугари низ кривопаланечко, нејзиниот дедо (мој прадедо) носел кокарда на која пишувало „Свобода или смърт за независима Македония“.

Токму таа Македониja e мојата и без да имам потреба да те нарекувам примитивец продолжувам да ја сакам.

Наречи ме и агент, нема никаков проблем. Јас сум татарот од Пиринска Македонија кој сѐ уште не може да сфати, како ти, човек на уметноста и пишаниот збор си дозволуваш да паднеш во очите на многу луѓе со својот каруцарски речник, а потоа да пишуваш статуси дека некој сакал лажно да те претстави. Ако си курназ биди курназ до крај. Отиди во Софија и кажи му на Каракачанов што мислиш за него, немој и ти како „партизаниве“ на кои во 5 до 12 им текнало дека Бугарите се окупатори, да се јуначиш како тапан после свадба.

Ако мразиш мрази со гордост бе, ако сметаш дека некој е подолу од тебе макар и да има солидна глумачка традиција, не се објаснувај. Гази си по патот и јачај си го идентитетот, ама немој да се правиш на примадона. Твојот филм е јасен. И да ти кажам, криво ми е за тебе, да живеевме уште во Југославија, голем човек ќе станеше. Кариерата уште повеќе ќе ти се развиеше, исто како на оние кои во она време направија кариери на антибугаризам. Го знаеш тоа и ти и сигурно ти е криво, ама тоа е нема назад. Македонија каква таква е независна, колку и потсвесно тоа да не ти се допаѓа.

(PS: Никогаш не сум бил во Варна и Ахтопол, можеби во некоја прилика ако ни се пресечат патиштата ќе ми раскажеш за тие бугарски градови?)

Автор: Атанас Величков