ПРОФЕСОРОТ РЕКОЛ ДЕКА ИМА БОЛКИ ВО СТОМАКОТ, ПА СЕ САМОУБИЛ – ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ДЕЛ ОД СТРАЖАРИТЕ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА
Во затворот во Шутка се обеси, 61-годишниот професор од Тетово осомничен за силување на 8-годишно девојче.
Од затворот за Телма рекле дека професорот бил во ќелија за други притвореници, но вчера кога требало да се реализира едночасовната прошетка во дворот на затворот, но тој не излегол од просторијата.
На стражарите им се пожалил на болки во стомакот, па додека неговите цимери биле во дворот тој го искористил моментот за да го изврши самоубиството, велат од затворот. За дел од стражарите ќе бидат отворени дисциплински постапки поради непочитување на процедурите.
Инаку тетовскиот професор беше уапсен на крајот на февруари за обид за силување. Мајката на девојчето го пријавила случајот кој тогаш беше опишан дека се случил неколку денови пред пријавата, а обидот го спречила токму мајката.