| |

ВМРО-ДПМНЕ И СИНДИКАЛЦИТЕ ОДВОЕНО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НОВАТА ЦЕНА НА СТРУЈАТА

ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува протестите против покачувањето на цената на струјата. Инаку протести против поскапувањето на струјата најавуваат и од Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ).

Протестот на синдикалците ќе започне во 18 часот, а нивниот марш ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

„Протестот ќе почне пред ‘Палома бјанка’. Овој протест е насочен кон Владата и мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“, изјави Јанушев.



Слични Објави