КОЛКУ ЧИНИ СЛОБОДАТА-ВО СЛУЧАЈОТ НА НЕФИ И БРАТ МУ 850 ИЛЈАДИ ЕВРА

Укинат е 30 дневниот притвор на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ во советот на општина Охрид, Нефи Усени и неговиот брат Ибро.Тие се пуштени со гаранција од 850.000 евра, дознава Алсат.

Ваквата одлука ја донел Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид, по што двајцата браќа веќе се на слобода од вчера доцна попладне.