| |

ПЕТАР КОЛЕВ: КОГА ДРЖАВАТА ТЕ КОЧИ И ТИ ЈА УНИШТУВА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА НОРМАЛНО Е ДА ПОБАРАШ СПАС НЕКАДЕ ВО СТРАНСТВО

Претседателот на Граѓанско демократска унија-ГДУ, Петар Колев во емисијата „Стадион“ на радио мрежа Канал 77 истакна дека, поради лошите политики спроведувани од сите досегашни Влади, македонските граѓани бараат спас преку напуштањето на Македонија. Колев истакна дека никој не сака да го напушти родниот дом за да работи од утро до вечер далеку од својата фамилија, но едноставно, повеќето луѓе немаат друг излез. Според Колев сопките што државната машина ги става на патот на малиот и средниот бизнис, се исто така причина луѓето да вадат странски пасоши и да бегаат од Македонија.

Слични Објави