ПРАВДА ЗА САШО
Мијалков напиша подолго писание, од пишаните полуции што Бетмен Велит ги објавуваше во веќе покојниот партал Телеграф…
Неколку дена тие кои до вчера се сликаа со него и се крстеа пред неговата слика се натпреваруваат кој поголема пцовка, навреда и клетва да испрати на неговата адреса. Тоа се разбира не е нешто ново за сектата ДПМНЕ. Таму принципот е јасен, денеска си херој, утре си предавник. Клетите анонимуси неспособни да направат било што во животот освен да се лижат и лигават како голи полжави, имаат потреба од предавници за да се истакнат себе си како херои… во 99,9 % од случаите, нормално лажни.
Ви текнува на песната од Соња Тарчуловска „Херои и предавници“? Секташите му ја посветија на тој „што лежеше со главата према веце и го гледаше народ“… сега Соња (Цеца Ражњатовиќ за дпмневци) ќе треба да направи нова верзија на песната овој пат за човекот што го организираше лежењето кај вецињата. Тоа ќе му дојде нешто како благодарност кон Мијалков, кој реално им ги чуваше газовите на сите префинети неизживеани функционерчиња, кои ќе јадеа ќотек на секој чекор, ако не беше стравот од долгата рака на Сашо.
Нема да цитирам делови од писмото на Мијалков до Мицкоски оти мислам дека нема потреба. Сите нормални луѓе во земјата знаат кој беше за ДПМНЕ и кој е во државата поранешниот директор на УБК. Баш затоа коалицијата Заеви-Мијалков ни ја честиташе Александар Николоски, Мицко војвода или бил зафатен со некакви пресметки (нели е математичар) или пак едноставно му било фуфка да го спомне името на постариот братучед од фамилијата.
Чест му прави на Мијалков што во своето писмо не удри директно по Груевски. Сашо знае дека не е ОК да извадиш нож на умрено куче. Својот револт тој го насочи кон човекот кој беше фатен за уво од богот Гру и беше поставен за гуру на сектата. Со еден куршум два зајаци.
Јас барам само правда за Сашо, оти ако побарам од оние што до вчера му го бакнуваа газот да се засрамат… ќе удрам на камен. Срамот кај дегенеричните лижачи од ДПМНЕ никогаш не ни постоел како чувство. Пуштете му рака на Началникот, ако не за друго, барем за тоа дека можевте да се фалите дека сте размениле два три збора со него, или пак сте направиле слика за facebook cover , јер само толку ви е потребно на клошари како вас за да се почувствувате важни.
Автор: Батко Тане
