ПЕРЕВ: ОЧЕКУВАМ БУГАРИЈА ДА ЈА БЛОКИРА Р. МАКЕДОНИЈА ЗА ЕУ

Владимир Перев даде кратка изјава за Бугарското национално радио-Радио Пловдив по повод посетата на македонскиот експремиер Љубчо Георгиевски на Софија, околу состојбата во македонско-бугарските односи и можноста Бугарија да стави вето на конференцијата на 10 декември за почетокот на преговорите меѓу Република Македонија и Европската унија.

Од Радио Пловдив се потрудиле, па во името на договорот за добрососедство, Владимир Перев бил прекрстен во ПеревСКИ, сметале дека е коректно, секој кој доаѓа од Македонија да треба на крајот на своето презиме задолжително да ја има наставката “ски“.

Во изјава за нашиот портал Перев им се заблагодари за „македонизирането на последните припадници на бугарското лоби кај нас во Македонија/Северна Македонија/ Република Северна Македонија“.

Пренесуваме некои делови од изјавата:

“Посетата на Љубчо Георгиевски е ненужна и осудена на неуспех, времињата се променија, порано Георгиевски имал некакво влијание во македонско – бугарските односи, но сега тоа е работа на оние кои управуваат со Бугарија. Нештата не можат да се решаваат со една визите на бивш премиер. Мое лично мислење е дека визитата на Зоран Заев на Бугарија на 10- ноември нема да даде никаков резултат. Бугарија ја очекуваат избори, веќе има Декларација на Парламентот во Софија. Формиран е фронт за македонско-бугарските односи и во предизборието нема да се одмине таа тема. Очекувам Бугарија да ги блокира преговорите. Никаква мисија, нити на Љубчо Георгиевски нити на некој друг, може да го промени тоа решение. Секоја промена на решението може да доведе до срив на владата на Бојко Борисов. Партијата на Борисов нема да добие нито минимален број гласови…во Бугарија не ги одрекуваат македонската нација, јазик и држава. Тие го одрекуваат она што МАНУ сако да го наложи, дека македонскиот јазик постоел пред бугарскиот, дека наводно сите македонски револуционери се чувствувале македонци и пишувале на македонски јазик. Се пренебрегнува фактот дека тие луѓе се чувствувале како етнички бугари. Тоа е основниот проблем кој што македонското општество треба да го преодолее. Тој проблем може да се реши само со диктат на посилниот, да се наложи да потпишат документите, а потоа правете што сакате. По Преспанскиот договор луѓето веќе се сообразија дека овој македонски јазик не е оној античкиот на Александар Велики…така ќе се собразат и со диктатот на Бугарија. Јас не знам зошто бугарските медии и печат не ги пренесуваат изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која точно го посочува проблемот и неговата генеза од 1944 година.

Ние признаваме, вели Захариева, тоа кое станало по 1944 година, го признаваме новото поколение и неговиот јазик и култура, но не можеме да признеме дека илиндеците пишувале на тој сегашен јазик или дека македонска државност имало и за времето на Светите Кирил и Методиј и на Св. Климент“.

„Ние сите сме српски воспитаници„, вели Перев, „не знаеме бугарски, народот уште мисли дека е во Југославија и дека Тито е жив и лесно ќе се справи со ситуацијата.
Ако Бугарија ги прифати барањата на Македонија, може да се збогува со својата 1300 години државност.
Не треба да се тревожиме за иднината на Заев. И при неуспех, тој нема да падне. Партиската група околу него ќе го поддржи, затоа што сите сакаат да останат на власт. Власта не е сврзана ниту со јазикот ниту со нацијата, туку само и единствено со парите“, кажа во своите лични позиции Владимир Перев(ски)!

Целиот разговор на Владимир Перев со новинарката од БНР-Пловдив можете да го слушнете овде.