БАГДАДСКИ КАРТЕЛ

//

Ова не е абисинскиот калифат, ниту па градот распослан по течението на реката Тигрис. Зборуваме за една мала балканска република во срцето на Балканот, во која инспекторите на ООН сѐ уште немаат намерачено да влезат и да го пронајдат оружјето за масовно уништување. На Македонците не им требаат арапски алхемичари и научници за да создадат гас кој ќе отруе 2 милиона народ. За тоа имаме способни политичари и медиуми. Додека едните не мочаат, другите не лажат дека тоа е уствари пролетен или летен дожд. Лошиот отров кој е пуштен во воздухот дирекно делува на церебралните фунцкии. Од нив застанува мислата и човекот се претвара во програмирана машина кај кого не фунцкионира разумот, трезвеното размислување и расудувуање.

И додека народов наш од 2 милиона и една шака народ се подели у табор ЗА консултативниот референдум и оние другине за БОЈКОТ, широките народни маси се претворија во БОЈКОТИРАЧИ на народните протести на кои треба да се искаже нивниот револт. 500 000 ги има на социјалните мрежи, 34 ца пред Парламентот, заедно со 30 тина геријатриски случаи на кои најблиските по дома наместо старечки дом, им дале идеја да ја спашаваат напатената ни наша по клупите на Жена Парк. Среќа на Прометеј му ставија гаќи со време, а можеби е и бањарката на Тошо Петров, се е едно. Гладната ни за сеир популација, остана ускратена да се насити од една дефицитарна полова должина, извајана во уметнички стил, свртена према државното собрание. Дали Прометеј го облекоа заради нашите патријахални домаќинки или заради половиот пркос на Прометеј кон нашите парламентарци не знам. Знам само дека како нему му го покрија органот, така и народов во Македонија го покрија зад лажни профили да блуе и да расфрла отров по етеров.

Подалеку од овде нема да дотераат. Мирка замина во пензија, ни се повампири онаа професоркана од Правен факултет. Туристи ни се шетаат по градов, нив ги преставија ко мигранти и пешадија на ИСИС. Гасот за масовно уништување е пуштен на најјако. Нашите фунцкии како народ се ограничија на две основни вежби и тестирања за логопед. Злобна емоција под коментарот, или во нешто посовремена варијанта, теслачење на се женско у фамилија на секој оној што се труди да пробие со мисла. Мисла нема и не смее да има. Чекор кон разговор нема, затоа што меѓусебното пцуење е врвот на секоја дискусија. Премногу нелогично за земја со најголем број на магистри, доктори и факултетски образовани граѓани на метар квадратен.

Со листовите за магистратура си го избришав задникот а другиот дел го зачував да си го потпалам огнот на старото ќумбе зимоска. Ќе им ги оставам титулите и звањата, и онака немам што со нив да разврзам и да си кажам.

А барањето на прост одговор се поставува на еден многу прост и суптилен начин. Народ да се појави пред двата штаба кои тежат приближно 1 милион луѓе. Нема да се соберат. Научени се некој да ги повика по СМС и на лист да им биде напишано што тоа не им се допаѓа кај опонентите. Иако можам да им извадам триста теми на негодување но секогаш се заглавува на една. Онаа која нивната матрица треба да ја стави у благо водство спроти онаа другата.

Заврши времето на граѓански војни (фала богу никогаш не се случија), Б.Ц одамна ја бојкотира политичкава сцена и се останато у земјава, па барањето на нов виновник за сѐ , се распрска како органофосворен гас на триста страни. Сега се виновни сите, за сѐ и сешто, а халуцинациите доживуваат кулминација кога идентитетот и Светиот Грал на овој народ се поистоветуваат со синовите на Армагедон, прастарата Христијанка Лидија и писмото од каменот кај Розета.



Во меѓувреме, никој нема да се запраша, кој ни забрани дома во нашата земја да бидеме Македонци, па изгинавме на српска музика, турски серии и кич манифестации кои ги обезличија и ги изфлацаа нашите најголеми празници. Кој му забрани на овој народ да создава македонска музика, македонски филм, македонски документарни серијали, културни патриотски настани?

Хрватите го имаат Томсон, Србите го имаат Бора, ние ги иаме Жељко Јоксимовиќ и Северина. Едниот дури и како кум на Охридските водици. Дај угасете се со тоа ваше бранење на идентитетот ви се мољам. Додека не сте се заортачиле со оние суртуци од Златна Зора во чија моќ се колнете, сѐ да пропадне и да останете уште најмалку 50 години под нервен гас, бранејќи некој фиктивен и за вас од скоро измислен идентитет.

Оставете ни нам сељаците кои не знаеме што е тоа национален идентитет, да тонеме во цитатите на Христо Узунов, Гоце Делчев, Тодор Александров или Борис Сарафов. Овој последниов до душа и голем швалер бил. Као пример за простава раја во кој контекст треба да си ги спомнувате мајките и сестрите, при секојдневните дискусии и бранењето на македонштината. Ставајте гас маска јунаци. Време е!

Автор: Булеварко

Претходна статија

СДСМ: МИЦКОСКИ ДА ПОКАЖЕ ДЕКА Е ЗА ИДНИНА И ДА ГО ПОДДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТ

Следна статија

ЗАМЕНИК-ПОМОШНИКОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ПАЛМЕР ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот