ЗАМЕНИК-ПОМОШНИКОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ПАЛМЕР ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА
Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер од денеска до петок, пристигнува во работна посета на Република Македонија, јавува Ал Сат М. Како што соопштија од американската амбасада во Скопје, Палмер ќе ја ја изрази поддршката на Вашингтон за Договорот со Грција за решавање на спорот со името, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ. Според агендата, американскиот дипломат се предвидува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.

