(Видео) Погледнете ги пораките на учениците од Молдавија, РС Македонија и Бугарија, кои благодарение на Фондација „Бугарска памет“ беа дел од свечената поворка по повод 24 мај во Софија
Фондацијата ,,Бугарска памет” на познатиот бугарски бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски објави видео посветено на нивната последна иницијатива, а имено посетата на ученици од Молдавија, РС Македонија и Бугарија во Софија каде што земаа учество во поворката по повод 24-ти мај , денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност.
Посетата на учениците беше финансирана токму од д-р Милен Врабевски.
,, Тие поминаа три дена заедно во организиран специјално во нивна чест образовен семинар. Во денот на еден од најсветлите бугарски празници нашите гости ученици се вклучија во празничната поворка во центарот на Софија, по покана и како дел од училиштето ,,Цар Симеон Велики”.
За нас е гордост што повторно наш семинар се претвори во повод за гордост, насмевки и создавање на нови пријателства”, велат од Фондацијата.
Погледнете повеќе во видеото: