НОЕВ: САКАМЕ БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА БИДАТ ПРЕБРОЈАНИ
Поранешниот бугарски министер, Бојко Ноев, сугерира што треба да побара Бугарија од Северна Македонија: Ако на пописот има графа за другите, сакаме да има и графа „Бугари“!
„Давам пример – клучно прашање во контекст на правата на Бугарите во Македонија: претстои попис. Поставила ли Бугарија некакви прашања во врска со тоа пребројување? Прашалниците, според законот, ќе бидат на седум јазици: на македонски, таканаречен, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански. Нема бугарски. Што значи тоа? Дека македонскиот всушност е бугарски, или дека е дискриминиран голем дел од населението, од народот на Република Северна Македонија? Јас го мислам второто. За разлика од некои бугарски политичари, јас не сметам дека сите Македонци се Бугари. По прашањето за идентитетот сум категоричен дека има македонски идентитет кој е создаден во последните десетлетија, дека има луѓе кои говорат на јазик што тие сакаат да си го нарекуваат македонски – и во тоа нема никаков проблем. Јас сум категорично против, кога на Бугарите во Република Северна Македонија им се забранува да се изјаснат како Бугари, па се репресирани тие, и нивните деца. Бугарија треба категорично да и го постави прашањето на Република Северна Македонија: Ние сакаме Бугарите во Македонија да бидат пребројани. И не само да бидат пребројани, туку да не бидат дискриминирани, ако има графа за другите, сакаме да има и графа ‘Бугари'”, вели Ноев, пренесува Deutsche Welle.
Потенцира дека Бугарија сака Бугарите во РСМ да бидат рамноправни и дека тоа е меѓународна норма, која е заведена во сите документи на ЕУ. Според него, без тоа – не постои начин да се продолжи.
„И бидејќи за историјата ќе биде потребно време, ќе треба време да се расчистат учебниците, така што правата на Бугарите во Северна Македонија ќе бидат дел од преговарачкиот процес“, вели Ноев, додавајќи дека „некои европски пријатели не сакаат тоа да се случи”.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Deutsche Welle

