| |

ФАКТОРИ НА СИРОМАШНА ДРЖАВА И КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА КОМУНИЗМОТ ВРЗ АФРИКА

Од вкупно 196 држави во светот 25 од нив се многу богати (со нсд 100.000 долари по човек годишно), тоа се Западните Држави. 19-те најсиромашни држави во светот се наоѓаат во Африка и 20-тата е во Азија (Авганистан) каде што БДП по човек е под 1000 долари годишно, односно под 3 долари дневно. Сиромашните држави имаат понизок степен на раст и развој. На пример со овој степен на развој, управуваната од Комунистичката Партија на Кина – Зимбабве за 2722 години би станала богата држава. Во оваа моја статија објаснувам зошто некои држави просперираат а зошто нашата пропаѓа и што треба да направиме.

Три фактори детерминираат дали една држава ќе биде сиромашна или богата.

  1. ИНСТИТУЦИИ

Богатите држави имаат добри институции, а сиромашните слаби. Врската помеѓу корупцијата и сиромаштијата е тесна. Најбогатите држави во светот се најниско корумпирани. Најкорумпираните држави се и најсиромашни. Кога државите се корумпирани не можат да соберат доволно даноци за да изградат моќни институции за да избегнат од сиромаштијата. Половина од богатсвото на сиромашните држави оди на off-shore сметки и е околу 20 милијарди годишно во просек. Без добро собрани даноци не можеме да имаме добра полиција, образование, здравствен систем и инфраструктура.

Клан-базирано размислување е развиено кај нас. Наместо врз основа на квалификации и техничко знаење кандидатите се избираат врз основа на лични врски. Поради тоа компаниите и државата немаат пристап до најинтелигентните граѓани од општеството.

  1. КУЛТУРА

Според сите статистики постои директна врска помеѓу сиромаштијата и религијата. Секуларните опшества се секогаш поуспешни. Тие се 70% од богатите држави. Останатите 30% се САД . Во најсиромашните држави граѓаните најмногу веруваат. Тоа е поврзано бидејќи екстремно религиозните веруваат дека не можат да ја сменат својата состојба. Нерелигиозните веруваат дека судбината зависи од нив.

  1. ГЕОГРАФИЈА

Сиромашните држави се често тропски. Животот е потежок таму. Тропската клима има негативно влијание врз процесот на фотосинтеза и водените ресурси. Тропските држави имаат и многу болести. Држави како нашата кои не излегуваат на море имаат тенденција за сиромаштија. Природните ресурси ги прават државите со слаби институции уште посиромашни а државите со силни институции уште побогати. Например Демократска Република Конго како минерално најбогата држава во светот го има минералот Колтан употребуван во секој мобилен телефон. Преку овие ресурси корумпираните елити земаат пари без соработка од целото општество бидејќи тука не им требаат инженери, техничари итн. туку само вооружени паравоени единици. Но само високо-технолошки дел како мотор од авион може да ја збогати државата. На овој начин во Демократска Република Конго се корумпира целото општество.

Заклучок:

Нашата држава има квалификувани, разумни и работливи граѓани, добар терен, доволно природни ресурси, стратешка локација на Балканот, но корумпиран избор на кадар и нефункционални институции. Поради тоа најпаметните и најквалификуваните и млади македонски граѓани седат дома.

50% од богатсвото на народите е зависно од институциите
20% е зависност од културата
10% е зависност од локацијата

Како носители на политика оваа теорија има широка практична примена за нас како Граѓанско Демократска Унија.

Автор: Лаки Лучијано Петрески, инженер-технолог од областа Нови Технологии и Материјали, МБА кандидат



Слични Објави