ЗА УЧЕБНИЦИТЕ, СЛИВИТЕ И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ
На вчерашната прес- конференција на Владата премиерот г. Зоран Заев, освен за економијата, собирањето на даноци, земјоделието и тоа дека реформите во правосудството се одложени поради важноста на референдумот, никаде не спомна дека во нашето општество имаме и образование и здравство.
1. Зошто најважните вредности на кои се темели Европската Унија како што се владеењето на правото и правната држава и строгото почитување и спроведување на овие вредности е суштинско за земјата – кандидат? Или нашта земја ќе се води по системот „трај- прај “ па може и ќе поминеме и без да забележи Европа.
2. Освен што Русија ги откажа пазарите за нашите земјоделци, па сливите и лубениците завршија на нивите и по патиштата во струмичкиот регион, дали вие како Влада навистина не можете да направите ништо па да им надохнадите за загубата или толку немате тим кој ќе ги предвиди случувањата на пазарот за да се донесат превентивни мерки за замјоделците?
3. За секоја пофалба е Министерството за економија кое ги собрало даноците, впрочем дали парите од даноците кои народот ги плаќа се потребни за да се покрие референдумот?
4. Господин Анѓушев изјави дека сѐ оди во нагорна линија само градежништвото тапка во место. Дали после толку тендери и градби кај ќе се стигне само градежните работници немаат бенефит или уште не можете да го фатите теркот на претходната Влада за изведба на проекти како на пр. Проектот 2014?!
И според мене едно од поважните прашања освен референдумот е исто така и образованието. Зошто и покрај 20 тендери и 27 договори за набавка на книги, нашите најмали и најмили т.е првачињата на првиот училишен ден, наместо со радост се вратија со тага. Бидејќи „тендер“ Министерството за образование уште нема набавено учебници.
Г.Адеми дали до првото тромесечие ќе добијат основците и средношколците нови учебници или бидејќи школувањето е бесплатно во државата самите родители да си купат книги?!
Иако сите сте преокупирани со референдумот јас само се прашувам што ќе прави Владата откако ќе се заврши забавата наречена „РЕФЕРЕНДУМ“. Наша заложба ќе биде бескомпромисно дејствување во насока на заштита на секој еден од нас како единствен и рамноправен граѓанин на Република Македонија.
Ние од ГДУ како граѓани на оваа држава сме решени да работиме за Македонија да биде Република која е дел од Европското семејство со сите европски вредности и принципи.
Автор: Фросина Китановска
