| |

Зеленски ќе ги изнесе деталите за мировната формула: Таа станува глобална

Зеленски потсетува дека презентирал нацрти на украинската мировна формула за време на неговото видео обраќање на минатогодишното Генерално собрание на ОН.

Тој вели дека планира да ги презентира деталите на Советoт за безбедност на ОН и дека повеќе од 140 земји и меѓународни организации целосно или делумно ја поддржале формулата.

„Украинската формула за мир станува глобална. Таа е подготвена да понуди решенија и чекори кои ќе ги решат сите форми на вооружување што Русија ги употреби против Украина и другите земји“, посочи тој.



Слични Објави