Во материјал насловен „Пукнатата цевка во СЈО“ уредникот и водител на емисијата 360 степени, Васко Попетревски објави дека од нивна страна се зачувани базичните новинарски стандарди во однос на објавената од нивна страна вест за усното барање/наредба на Катица Јанева за форензичко чистење на компјутерите на СЈО. Во својот напис Попетревски пишува:
„Притоа, како што налагаат базичните новинарски стандарди, навреме се обративме со прашања до СЈО. Но, наместо да одговори на прашањата, цели шест часа по нивното добивање, Специјалното обвинителство на Катица Јанева објави „демант“.“
Понатаму во текстот Попетрески потсетува и на реакциите откако 360 степени ја објавија веста за пукната цевка во СЈО кога меѓу останатите предмети беа уништени и дел од документите и доказите за случајот Империја.