Благоевград ја одбележа 121-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание
Со положување венци и свежо цвеќе и панихида во Благоевград беше одбележана 121-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание, јавува Пиринско.
Одбележувањето на овој значаен датум во бугарската историја утрово започна во дворот на црквата „Воведение Богородично“, каде се одржа панихида за загинатите за слободата на Бугарија и Пиринска Македонија.

Свеченоста продолжи со положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот Македонија. Учество во свеченото одбележување зедоа градоначалникот на Благоевград Методи Бајкушев, претседателот на ОБС-Благоевград Радослав Тасков, заменик регионалниот гувернер Христо Ангелов, ректорот на ЈЗУ „Н. Рилски“ проф.д-р Николај Марин, јавни личности и жители и гости на Благоевград.
Свеченоста заврши под звуците на химната на Република Бугарија. Во прославата зеде учество и РК „Традиција“.

