НАД 1000 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ПРОТЕСТИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА ВО МОСКВА

//

Руската полиција жестоко се судри со демонстрантите во централна Москва во саботата, претепувајќи неколкумина и уапси повеќе од 1.000 кои протестираа поради недозволувањето на кандидатите од опозицијата да се најдат на гласачко ливче за избор на Градскиот совет (Дума) на Москва. Полицијата, исто така, упаднала и во телевизиска станица што вршела директен пренос од протестите.

Полицијата се судри со демонстрантите околу канцеларијата на градоначалникот, понекогаш пресметуваќи се со толпата со палки. Државните новински агенции ТАС и РИА-Новости објавија соопштенија на полицијата дека во текот на протестите што траеле 7 часа биле уапсени 1074 луѓе.

Заедно со апсењата на претежно млади демонстранти, биле упасени и неколку активисти на опозицијата кои сакаа да се кандидираат за градскиот совет.

Алексеј Навални, најзначајната опозициска личност во Русија, во средата беше осуден на 30 дена затвор за повикување на неовластен протест.



Извор: ТВ Стар



Претходна статија

КОЛЕГИТЕ ОД 360 СТЕПЕНИ ПРАШАЛЕ ЗА ФОРЕНЗИЧКОТО ЧИСТЕЊЕ ВО СЈО, НО НИКОЈ НЕ ИМ ОДГОВОРИЛ

Следна статија

РАБОТНИК ПАДНА ОД 8,5 МЕТРИ ВИСИНА И ПОЧИНА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да