ЕРДОГАН ПАТУВА ВО МОСКВА НА СРЕДБА СО ПУТИН
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, во четврток ќе замине во еднодневна посета на Русија. Средбата се планира во време на зајакнати тензии помеѓу Анкара и Москва поради ескалација на конфликтите со сириските воени сили во градот Идлиб.
Минатата недела 33 турски војници загинаа во воздушни напади во Идлиб, на што Турција одговори со контранапад врз сириската војска, поддржана од Турција.

