КОСТАДИНОВ ЌЕ ЈА ДОНИРА ДЕКЕМВРИСКАТА ПЛАТА ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ и портарол на партијата преку социјалните медиуми соопшти дека неговата декемвриска плата ќе ја донира за социјално ранливите семејства во Македонија.

loading...

-Еден од темелите на мојата социјалдемократска идеологија е солидарноста. Доаѓа време на среќни моменти, моменти кога треба да бидеме со семејствата, да земеме воздишка од сиот товар кој ни го носи секојдневието. За жал, корона кризата погоди многу семејства. Па поради тоа сметам дека не е време само за гола критика, туку време за обединување, време за на дело да покажеме дека сме луѓе, време за разбирање и подавање рака. Мојата декемвриска плата ќе оди за поддршка на социјално ранливи семејства, кои сега имаат потреба од нас, кои можеме да си овозможиме понормален живот. Знам дека ова е само капка во морето, но доколку сите дадеме свој придонес, ќе го максимализираме ефектот. Да направиме чекор!“, сподели Костадинов со јавноста.