| |

Пулев: Бугарија е отворена за јапонскиот бизнис

Бугарија сака да го забрза индустриското партнерство со Јапонија и да привлече јапонски инвестиции во високите технологии, енергетиката, транспортот и инфраструктурата, изјави вицепремиерот и министер за економија, инвестиции и индустрија Александар Пулев на средба со јапонска делегација, јавува БГНЕС.

„Бугарија се етаблира како своевидна порта за јапонскиот бизнис кон Европа“, рече Пулев, посочувајќи ги стратешката положба, квалификуваната работна сила и пристапот до европскиот пазар како главни предности на земјата.

Делегацијата ја предводеше Фукуширо Нукага, поранешен јапонски министер за финансии и поранешен претседател на Претставничкиот дом. На средбата беа разгледани партнерства меѓу бугарски и јапонски компании во прехранбената индустрија, воздухопловството, производството на беспилотни летала и логистиката.

Јапонски компании веќе започнуваат соработка со бугарски партнери за развој на беспилотни летала според јапонските технички стандарди, со можност тие да добијат пристап до јапонскиот воздухопловен сектор.

„Сакаме добрите односи меѓу Бугарија и Јапонија да ги претвориме во конкретни економски проекти, инвестиции, производство и заеднички технологии“, истакна Пулев.

На средбата присуствуваа и поранешниот сумо-борач Калoјан Махљанов-Котоошу, како и амбасадорите на Бугарија и Јапонија, Мариета Арабaџиева и Чикахиса Суми.



Слични Објави