Референдумот, за легитимитетот и легалитетот

//

Facebook статус на Никица Корубин

Политичката премиса и траекторија е сериозна работа и не може да подлежи на целосно популистички и лукративни побуди. Барем би требало, иако поставено во наши услови, само небото е граница за небулозите и екцесите, кои веќе попримаат егзистенцијална опасност. Игра со оган, што би се рекло, со која полека но сигурно се суспендира било каков легитимитет. Со него и ќе започнам.

Легитимитетот за предлог на референдум на државно ниво, строго технички дополнителен референдум, за стратешко прашање и определба на државата, од старт е дискутабилен, а за ова конкретно прашање, Договорот со Бугарија, формално-правно гледано, речиси непостоечки. Зошто? Затоа што една политичка партија, бара од граѓаните изјаснување за прашање, за која пратениците предложени од неа, а избрани од граѓаните, самите не се изјасниле за истото прашање на собраниската седница за негова ратификација, а за кое биле обврзани да се изјаснат.

Партискиот став како супститут за институционалниот став, не само што е потсмев и шиканирање на институциите, туку е една од базичните точки на феноменот “заробена држава”. И не е ексклузивитет, само на една партија, за жал, иако во конкретниов случај, се однесува на конкретна партија, која во манир на свесен апсурд и оддржување на продолжен конфликт, игра со емоциите, но пред се со одржувањето на статус кво ситуацијата. А, потребата од таа состојба, далеку ги надминува границите на само една партија, и многу веројатно ќе биде примена со радост и во многу други “демократски и про-европски кругови”. Сепак, најважно е како ќе биде примена кај граѓаните, а особено кај нивната желба, односно драматично отсуство на желба, за излезност на било што, што доаѓа дури и во форма на редовни изборни циклуси, а не вонредни егзибиции и манипулации.

А, сега за легалитетот. Иако, и тој е подложен на познатата “политичка воља”, односно моќта “од сенка и од јаве”, која најчесто се пројавува како партократија, но и во многу други “експертски форми”; сепак и тој е проблематичен и дискутабилен. На страна што прашањето се однесува на законот, што е задолжителна форма, за ратификација на самиот договор; а не самиот договор, кој има во себе клаузула за раскинување; туку “заборавена” е главната поента, а тоа се последиците од раскинување на истиот, во ситуација кога Договорот е веќе дел од преговарачката рамка и официјално отпочнати преговори; што хипотетички би значело дека евентуално негово раскинување, има последици блокирање и суспендирање на ЕУ интеграциите.



Во уставната поставеност, процесот на носење на закони, нивно менување или нивно укинување (целосно или делумно), е на релација собрание-уставен суд. Но, интересен момент, во делот на легалитетот е тоа што станува збор за меѓународен договор. А, според нашиот устав, член 118: “Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон”; и ако е така, зошто потенцијалното референдумско прашање, го таргетира законот со кој е ратификуван самиот договор, и кој е согласно уставот; а не самиот договор? Со други зборови, ВМРО, демек се занимава само со внатрешниот правен поредок, а не и со надворешните односи, бидејќи со договорот секако и не може, а кога можела институционално да го каже својот став, не го кажала?

Оваа нова тура “итрини, финти и замајувања” овој пат е скапа и исцрпувачка играчка, која само ќе купи време за дополнително оддржување на замрзната ситуација, ќе дефокусира, ќе скандализира и поларизира, со одложување или успорување на процес кој е приоритетен: подготовка и ангажирање на сите капацитети за успешни и ефикасни ЕУ преговори.

Потсетувајќи се кој се’ беше против отпочнување на преговорите со ЕУ, се чини дека овој подарок од ВМРО со радост ќе го примат многумина, иако јавно ќе глумат загрижени ЕУ фанатици. Или најверојатно ќе го користат како уште еден параван за нерешавање и неправење. Туку, кога ќе започне постапката за уставните измени, за да не го губиме напразно нашето време? Кога веќе истекува нивното време, на сите знајни и незнајни, експонирани и скриени, сенката се’ помала, бришаниот простор се’ поголем. А, излезноста историски најниска. Како и довербата во ваквото разбирање на политиката.

Претходна статија

Во Охрид одбележани 13 години од трагедијата со бродот „Илинден“

Следна статија

Прославуваме 137 години од Соединението на Кнежество Бугарија со Источна Румелија

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното