| |

Една година без нашиот храбар и скромен брат и соборец Миле Ацев Јованоски

Одбележуваме 1 година од смртта на нашиот храбар, скромен и тивок брат и соборец Миле Ацев Јованоски од селото Алинци, прилепско.

Бај Миле си замина во 67-та година од животот, а неговата кончина остави огромна празнина и е голема загуба за бугарското дело во Македонија.

Миле Ацев Јованоски е роден на 22 јули 1955 г. во селото Алинци, прилепско. Целиот свој живот го посвети на афирмацијата на бугарштината во Македонија. Тој беше еден храбар и добар македонски Бугарин, кој безгранично ја сакаше Бугарија.

Нека неговата скромност и посветеност бидат пример за сите нас, кои остануваме овде, за да го продолжиме и неговото дело. Си замина еден добар човек, кој ги заслужил сите убави зборови, кажани во негова чест!

Бог да го прости Миле Ацев Јованоски! Ќе го спомнуваме секогаш со добро!

Слични Објави