ЕУ ГО ОДЛОЖИ РОКОТ ЗА БРЕГЗИТОТ ДО 31 ЈАНУАРИ
Европската Унија се согласи да го одложи брегзитот до 31 јануари 2020 година, според твит на претседателот на Европскиот совет.
Доналд Туск рече дека блокот ќе дозволи т.н. „флекстензија“ – што значи дека Велика Британија би можела да замине пред крајниот рок ако договорот биде одобрен од парламентот.
Британските пратеници се подготвуваат да гласаат за предлозите на Борис Џонсон за предвремени избори на 12 декември.
Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела побара тримесечно одложување на Брегзит, до крајот на јануари 2020 година, откако пратениците го отфрлија новиот договор што го постигна со Унијата.
Секое одложување на Брегзит мора да го прифатат сите 27 земји-членки, а приговорите на Франција досега спречуваа таква одлука.
Доколку Велика Британија остане во ЕУ по 31 октомври, европскиот блок ќе побара од Лондон да предложи еврокомесар за новата Европска комисија.
