„КИНА ВО МОИТЕ ОЧИ“ – ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА НР КИНА

Во Заводот и музеј во Битола, од синоќа, па во наредните седум дена е поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина. Заменик градоначалникот Емилија Костурски пред пристутните истакна дека е голема чест што Битола е домаќин на оваа изложба.

„Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата, преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј“, истакна Костурски.

Пред присутните се обрати и Мао Кингвен, советник во амбасадата на Народна Република Кина во земјава.

„Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата „Еден појас, еден пат“, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на взаемна корист и создавање на заедница на човечката судбина“, рече Кингвен.

Настанот, кој го организираа амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.