ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ СКОПЈАНЕЦ КАЈ КОј БЕА ПРОНАЈДЕНИ МАРИХУАНА И АМФЕТАМИНИ

//

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 36-годишен скопјанец се товари дека неовластено во дом во кој престојувал на улица „Охридска“ држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

Со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.



Претходна статија

ДА ГО ПРАТИМЕ ШИНДРЕ ВО УКРАИНА, ВРХОВНАТА РАДА ИЗГЛАСА ЗАКОН ЗА ХЕМИСКА КАСТРАЦИЈА ЗА ПЕДОФИЛИ

Следна статија

„КИНА ВО МОИТЕ ОЧИ“ – ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА НР КИНА

Најново од Вести