Врховната Рада на Украина изгласа закон според кој во земјата ќе се врши принудна хемиска кастрација на педофили. Законот предвидува и создавање на отворен регистар на лица осудени за криминални дела од сексуален карактер извршени врз малолетни лица.
Ќе одговараат лица под 18 г. и над 65 г. Се зголемуваат и затворските казни за педофилија од 12 на 15 години. По ослободувањето осудените за педофилија ќе бидат под постојан надзор од страна на полицијата.