| |

СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА НИКОЛА САЗДОВСКИ ЌЕ ПОЧНЕ НА 9 НОЕМВРИ

Судењето на обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски почнува на 9 ноември во Кривичниот суд. Како што информираа на денешниот брифинг од Кривичниот суд, судскиот процес ќе го води судијката Даниела Алексовска Стојановска. Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски” во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ќе ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин”, дело кое досега пред преквалификацијата се водеше како „насилство”. Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка”, а за третиот осомничен кој се уште е недостапен распишана е домашна и меѓународна потерница.



Слични Објави