ВРЕМЕ ЗА ИЗБИРАЊЕ

Се чини дека изборите се жешка тема во овој период. Пред неколку недели се одржа рефенредум во нашата држава, а можеби наскоро ќе се одржат и парламентарни избори. Во ЕУ се подготвуваат избори, Бразил само што одржа избори, каде што конзервативниот кандидат и победи, во БиХ имаше потенцијално опасни избори, а во САД се одржуваат така наречените среднорочни избори.

Изборите се секогаш жешка и актуелна тема, не само во последниот период. Тие се круна на демократскиот процес и одлучуваат во која насока ќе се движи одредена држава во наредните години. Изброте со право го привлекуваат вниманието секојпат кога и каде да се одржуваат.

Во овој текст сепак нема да стане збор за ниту едни од актуелните избри, ниту пак некои скорешни. Главна тема на оваа колумна се едни помалку заборавени избори кои се одржале пред повеќе од 50 години. Станува збор за претседателските избори во САД, 1964 година. Во многу нешта тоа се едни од најзначајните избори во САД. Избори кои воопшто и не требало да се случат, но атентатот врз Кенеди во 1963 година го менува распоредот и САД мораат да одберат нов претседател само 3 години по последните претседателски избори.

Изборите во 1964 се избори кои и до денешен ден имаат оставено голема трага во САД и во целиот свет. Всушност, може да се каже дека од таа година почнува модерната американска историја. Светот и САД во тој период се наоѓаат во една голема пресвртница. Популарниот Кенеди е убиен, Кубанската криза само што завршува, а Студената војна е на својот зенит.

По тие избори на власт доаѓа Линдон Џонсон, којшто го донесува Законот за граѓански права кој забранува дискриминација на расна, етничкa, полова, религиска и било која друга основа и става, барем правно, крај на сегрегацијата во САД. Тоа пак, од друга страна го повлекува најголемиот пресврт на американската, а воопшто и светската политичка сцена. Југот на САД се претвора од најголемо упориште на Демократите, во бастион на Републиканците кој тие до денес го држат. Џонсон исто така е претседателот кој активно ги вклучува САД во Војната во Виетнам. Само неколку месеци по неговиот избор, на 8 март 1965 година почнува американската интервенција во Виетнам. (Целиот напис прочитајте го целиот напис на www.conservative.mk)