ЗА ДОБРОТО НА ГРАЃАНИТЕ…

Истакнато Краток спој Позиција

За доброто на граѓаните, ќе падне договор за амнестија… „предавниците“ од ДПМНЕ што гласаа во Собрание ќе излезат суви, баш поради таа причина Мицко војвода ги исклучи, да не даде Господ на некој да му текне да се предомисли и како што учествувал во отворањето на Уставот, да се откаже за затворањето.

За доброто на граѓаните, беше нарачан и лубрикантот некое време пред стартот на водевилот со уставните измени… да го поднесат „помазно“ не за друго.

За доброто на граѓаните, премиерот и неговиот тим потрошиле 2 пати помалку народни пари за кур ташак од нивните претходници… јер се домаќини овие сегашниве, а оние пред нив беа (сите заедно на јен два три):  „ЛОПОВИ-ЛОПОВИ“.

За доброто на граѓаните, Марин нема да ја повлече дозволата за градба на зградата кај Мајчин дом, оти инвеститорот ќе ја потепа и така тенката каса на Општината со оштетата што ќе треба да ја добие.

За доброто на граѓаните, го прошетаа Миленко до станица, за да може после Козарот и со тапија да стане дисидент, како што тој самиот се нарече уште од времето кога беше најдлабоко упикан во „задниот излез“ на Богот Гру.

За доброто на граѓаните, пратениците се возикаат нагоре-надоле со народни пари, а на точаци се качуваат само пред избори кога сакаат да глумат Холанѓани.

За доброто на граѓаните, џандарите фаќаат само трава, јер таа лечи, а „жутото“ не го чепкаат оти оно ретчи.

За доброто на граѓаните, на разноразните забави од рурален тип- пивофестови, гроздобери, пифтијади, питијади, ракијади, пастрмајлијади, празијади, тортијади, газовмијади и куровмијади се носат со кворум кафански певаљки и пејачи од блискиот север, додека истиот тој кворум го нема кога треба да се направи нешто паметно, например да се помогне на болно дете.

За доброто на граѓаните, администрацијата е подуена како гноен чир на женски газ. Грда е, ама ја дондуркаме, оти куров ми што ќе искочи на избори да ги гласа тие што им го мислат доброто на граѓаните.

За доброто на граѓаните е секоја година имаме избори… и на тие избори да немаат голем избор. Граѓаните секогаш се од погрешната страна на куртонот.

Автор: Батко Тане