Детска изложба во Софискиот универзитет ги прикажува ужасите на војната во Украина
Изложба на детски цртежи и фотографии за ужасите на војната во Украина ќе биде отворена на 19 февруари, понеделник, во 12.00 часот во фоајето на Софискиот универзитет. Настанот е организиран е од Софискиот безбедносен форум, амбасадите на Украина и САД и Унијата на резервни офицери „Атлантик“, јавува БГНЕС.
Изложбата е дел од комеморацијата на 2-годишнината од стартот на воената агресија на Русија против Украина и 10-годишнината од руската агресија врз Украина.
Фотографиите и детските цртежи го откриваат злобното лице на војната во Украина, прикажувајќи го уништувањето на цивилната инфраструктура и војната низ очите на најмладите.
