Г’рдев: Евроинтеграциjaта е огромен проблем за владејачката елита во Скопје
„Многу е важно што токму во тешките моменти е видлива емпатијата на Бугарија кон соседите. Огромен проблем за владеачката елита во Скопје е евроинтеграцијата. Тие го забавија процесот. Северна Македонија и Албанија беа поделени. Тирана го почна преговарачкиот процес, а она што се случи во Скопје – таму може да се бара надворешнополитички неуспех“.
Ова го изјави Димитар Г’рдев, претседател на Комисијата за европски прашања во бугарскиот парламент од редовите на партијата „Има таков народ“ во емисијата „Офанзива“ на бугарската Нова телевизија.
Според него, граѓаните на Северна Македонија категорично сакаат членство во ЕУ, но владејачката елита го одложува тоа без никакви реални аргументи. Тој нагласи дека Скопје во моментов може да добива средства од фондовите на ЕУ, но лесно ги отфрла.

