Пендаровски: Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите

/

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше тет-а-тет средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

На средбата Ковачевски и Фон дер Лејен разговараа за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија. Беше констатирано дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Она што беше нотирано од страна на претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен, е дека местото на Северна Македонија и Западен Балкан е во Европската Унија и тоа е единствениот пат кој води кон подобра иднина за сегашните и идните генерации.

Ковачевски и Фон дер Лејен уште еднаш потенцираа дека со европскиот предлог не се загрозува на ниту еден начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.

На средбата беше дискутирано, дека во контекст на новите гео-политички околности, многу е значајно деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за нашето членство во Европската Унија, што е важно за целокупниот напредок на Северна Македонија.



На средбата беше истакнато дека одлуките кои се носат сега ја гарантираат иднината на земјата, и затоа се потребни мудри и државнички потези кои водат кон просперитет, развој на демократските вредности и севкупен економски напредок.



Претходна статија

Пендаровски: Прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите

Следна статија

Ковачевски: Македонскиот јазик во ЕУ ќе биде еднаков со сите европски јазици, потребна е државничка одлука за иднината

Најново од Вести