|

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, двајца мртви

Силна снежна лавина затрупа неколку луѓе во планинското село Вент во Тирол.

Спасувачите извлекле тела на двајца планинари, пишува „Кронен Цајтунг“. Според првичните информации, лавината затрупала четири лица.

Спасувачите пронашле тела на двајца планинари, а закопани се уште две лица. Поради опасност од дополнителни лавини, надлежните извесно време ја прекинаа потрагата, а потоа продолжија со спасувачката акција.

Според „Кронен“, лавината затрупала холандска група туристи. Во потрагата се вклучени спасувачки екипи, кучиња трагачи и хеликоптери. Австриските медиуми јавуваат дека болниците во близина се во состојба на готовност.



Слични Објави