Рајна Манџукова: Бесарабските Бугари се борат на страната на Украина

//

Во окупираните украински градови има многу Бугари кои се изложени на огромни ризици, изјави за bTV Рајна Манџукова, поранешна директорка на Извршната агенција за Бугарите во странство. Таа самата е бесарабска Бугарка, пренесува Фактор.

Манџукова прецизира дека големи бугарски заедници има во градовите и околината на Мариупол, Бердјанск, Мелитопол, Херсон, Николаев.

Ги тераат да ги запишуваат нивните деца во руски училишта“, додава таа.

Според неа, Бугарите во Украина се вознемирени затоа што Бугарија не заземала јасен став во однос на руската инвазија.

Рајна Манџукова истакна дека Бугарите од Бесарабија се борат на страната на Украина и целосно ја признаваат како своја татковина. Таа призна дека порано била иритирана од нивната колебливост во овој поглед.



Тие сега се вистински граѓани на Украина без да престанат да бидат Бугари“, вели поранешната директорка на Извршната агенција за Бугарите во странство.

Таа коментира дека во оваа војна се спротивставуваат желбата за слобода на еден народ и имперските амбиции на еден друг народ.

Потсетуваме дека денеска Украина го слави Денот на независноста.

Претходна статија

Ердоган: Крим треба да и биде вратен на Украина

Следна статија

Изложба на ликовниот уметник Марјан Стојаноски во Софија

Најново од Вести