Изложба на ликовниот уметник Марјан Стојаноски во Софија

/

Ликовниот уметник Марјан Стојаноски, вечерва во Културно информативниот центар на РС Македонија во Софија, ќе отвори изложба составена од ротирачки скулптури. Фигурите се направени од метал и елементи од дрво. Јавноста во Софија ќе може да ги види делата на Стојаноски од 24 август во галеријата на културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, информираат организаторите.

Делата на изложбата, насловена како „Панта реи“, се создадени во изминатите две години. На почетокот на годинава беа претставени и во Скопје. Во Софија изложбата ќе продолжи до крајот на август.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп во 1983 година. Средното образование го завршил во уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Потоа се запишал на Факултетот за ликовни уметности во главниот град на Република Северна Македонија, во класата на проф. Ибрахим Беди.



Стојаноски е член на Друштвото на ликовните уметници на РС Македонија (ДЛУМ). Двапати бил претседател на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП), каде во 2015 година ја добил наградата за скулптура „Јордан Грабул“.

Живее во градот Прилеп, каде што работи во Центарот за култура „Марко Цепенков“.



Претходна статија

Рајна Манџукова: Бесарабските Бугари се борат на страната на Украина

Следна статија

Почна седницата на Советот на јавни обвинители за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска

Најново од Вести