ПОМИНАА 56 ГОДИНИ ОД ОНИЕ ПЕКОЛНИ 20 СЕКУНДИ, КОИ МУ ДАДОА ШАНСА НА СКОПЈЕ ПОВТОРНО ДА СЕ РОДИ

//

Утрото во 5:17 часот, на денешен ден пред 56 години, катастрофален земјотрес го погоди Скопје и го одзеде животот на околу 1.100 луѓе, 3.000 граѓани биле повредени, а без дом останале околу 200.000 жители на главниот град на Македонија.

Земјотресот од 26 јули 1963 година е една од најкатастрофалните природни непогоди што го погодила Скопје и Македонија. Силината на земјотресот била 9 степени според Меркалиевата скала, односно 6,1 степен според Рихтеровата сеизмичка скала. Потресот траел 20 секунди, а потоа серија помали потреси имало до 5:43 часот.

Скопскиот земјотрес од 26 јули 1963 година бил почувствуван на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати и оштетени повеќа од 40 000 домови.

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Сказалките од часовникот на станицата се сопрени во моментот на фаталниот удар во 5:17 часот изутрината.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и од тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „Град на солидарноста“.



По земјотресот со одлука на Градското собрание, биле евакуирани децата, жените и старите изнемоштени лица. Вкупно 105.000 лица го напуштиле Скопје, а од нив, околу 30.000 биле деца.



Претходна статија

БРОДОЛОМ ВО БЛИЗИНА НА ЛИБИЈА- СЕ СТРАВУВА ДЕКА ЗАГИНАЛЕ 15О ЛУЃЕ

Следна статија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЗАЕВ И РИКЕР (ВО ЖИВО)

Најново од Вести