Радев-Руте: Секој напад врз земја членка на НАТО ќе се смета за напад врз Алијансата
Бугарскиот премиер Румен Радев разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за безбедносната состојба во Европа и за евентуалниот ризик од агресивни дејства на Иран, за кој известуваат странски медиуми, јавува БГНЕС.
Руте ја потврдил целосната поддршка и подготвеноста на одбранбените сили и капацитети на НАТО во регионот да реагираат и да ја неутрализираат секоја закана кон земјите членки.
Како доказ за подготвеноста на Алијансата за сигурна заштита е посочено неодамнешното успешно пресретнување балистички ракети насочени кон Турција.
Секој напад врз земја членка на НАТО ќе се смета за напад врз целиот Алијанс, со сите мерки што произлегуваат од Северноатлантскиот договор, било нагласено во разговорот.

