ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ВАЊА ЛАЗАРОВА
Во фоаето на „Трајко Прокопиев” во Куманово, денеска во 13 часот, ќе се одржи изложба на фотографии и документарен филм за Вања Лазарова.
На изложбата ќе се обрати нејзиниот долгогодишен пријател и менаџер Иво Јанковски.
Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, се само дел од многуте македонски изворни народни песни што ги има испеано Лазараова.
Родена е на 27 април, 1930 во кратовско Страцин, има работено во Операта во МНТ, a исто така била и член на Државниот ансамбл на народни игри и песни “Танец“.
Извор: KumanovoNews
