„СТРИП БРАН – СТРИП НАСЕКАДЕ“ ВО ОХРИД

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денеска (24 октомври) со почеток во 19 часот ќе се реализира проектот „Стрип бран – стрип насекаде“…

Во рамките на настанот, кој е дел од програмата „Нов културен бран 2018“, Стрип центарот на Македонија од Велес ќе реализира изложба на наградени стрипови од последниот Интернационален стрип салон во Велес, како и стрип-дела од македонски стрип-автори од нивниот повеќегодишен опус. Истовремено ќе бидат промовирани и стрип-книги и списанијата „Креатор“ и „Стрип алманах“ на Стрип центарот на Македонија.

Слични Објави