Според шефот на генералниот штаб на британската армија Русија е закана за Обединетото кралство

//

Началникот на генералниот штаб на британските вооружени сили изјави дека Русија претставува закана за Велика Британија и побара повеќе инвестиции за армијата, за да може да одговори на оваа закана. Во една од неговите ретки јавни изјави, генерал Ник Картер изрази мислење дека Русија развива агресивна воена стратегија и истакна дека таа во Сирија ја покажала својата одлучност да употреби ракети со голем дострел.

Русија претставува најсложен и реално најголем предизвик со кој се соочуваме од Студената војна наваму “, рече ген. Картер во својот говор пред британскиот центар за анализи во областа на безбедноста и одбраната Royal United Services Institute (RUSI) во Лондон.



“Ние мора да внимаваме да не паднеме во „зимски сон“, паралелата со 1914 година е многу силна”, рече тој. “Нашата генерација е навикната да ги бира војните во кои да учествува, но можеби, ако влеземе во конфликт со Русија нема да имаме таков избор”, додаде генерал Картер.

Претходна статија

Раул го потврди тимот од пред два дена, капитенот Лазаров пријавен за настап

Следна статија

Законот за употреба на јазиците се враќа во Собрание

Најново од Вести