| |

(Видео) Доц. д-р Наум Кајчев: Би било неверојатно Бугарија да направи компромис со историјата

Би било неверојатно Бугарија да направи компромис со историјата. Мислам дека тоа нема да се случи. Ова на Euronews Primetime го сподели доц. д-р Наум Кајчев, заменик-претседател Мешовитата комисија за историја и образовни прашања меѓу Бугарија и РС Македонија.

Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, кој е основа на нашите односи, не се спроведува од нашите југозападни соседи, изјави доц.Кајчев.

Имаме неисполнување на клаузулата од договорот за заедничко празнување на заеднички празници – годинава околу 24 мај видовме дека немало такво празнување на светите браќа Кирил и Методиј, потсети претставникот на мешовитата комисија. Тој е убеден дека само преку спроведување на договорот може да се постигне развој во меѓу Скопје и Софија.

Според него, дури и економските прашања, па дури и изградбата на познатиот Коридор број 8, се поврзани во пакет со други прашања. Прашањата за кои разговараме во нашата комисија се примарната основа за недоразбирањата кои постојат, рече доц. Кајчев.

Слични Објави