Процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија мора да биде одржлив и да се гради врз нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Ова го истакна бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. Радев и Вархеји се сретнаа во седиштето на претседателот на Дондуков 2.
Шефот на бугарската држава го искажал ставот на Бугарија која очекува резултати во билатералниот дијалог со РС Македонија, вклучително и обезбедување уставни гаранции за почитувањето на правата на македонските Бугари и вистински дејствија за искоренување на говорот на омраза, зачувување на вековното бугарска културно-историско наследство и спроведување на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка.
„Бугарија е отворена за дијалог со Република Северна Македонија и со европските институции и партнери во потрагата по одржливи решенија“, рече претседателот Румен Радев.