| |

Проф. д-р. Даниел Вачков: Нашите колеги од РС Македонија се соочени со огромен проблем во однос на историските извори

Длабокиот јаз што постои меѓу двата историски наратива на Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ) е во основата на пројавите на омраза што ги гледаме особено во последно време. Вели во интервју за Медиапул проф. д-р Даниел Вачков, директор на Институтот за историски
истражувања кон Бугарската академија на науките и член на Заедничката бугарско-македонска комисија за историја и образовни прашања.

Според неговото лично мислење РСМ не покажува дека работи чесно и совесно за подобрување на односите со Бугарија.


Проф. Вачков, во ситуација на ескалација на омразата кон Бугарија во Северна Македонија, што ќе изгуби и што ќе добие Бугарија ако ризикува и даде зелено светло на Скопје за старт на преговорите за влез во ЕУ, откако ќе добие релевантните европски гаранции?

Тешко ми е да кажам на фонот на тензијата што избувна во последните денови (потпалувањето на
Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, р. стр.), што би можела да добие Бугарија ако го укине ветото. Секако, може да се очекува (иако не е баш сигурно) дека доколку Бугарија го укине ветото, ситуацијата во Македонија постепено ќе се смирува. Но, се зависи од тоа, какви гаранции ќе добие Бугарија за да го укине ветото. Токму овие настани што се случуваат во Македонија, покажуваат дека е многу тешко да се верува на политичките декларации на Скопје, со оглед на тоа што гледаме дека се наметнува сериозна антибугарска пропаганда кај општеството во РСМ. Според моето мислење, би можело нешто да се добие, но мора да се постават сериозни услови и да има многу јасни гаранции за заштита на бугарската позиција.

Во што се изразува сложеноста и ексклузивноста на историскиот спор меѓу Бугарија и РСМ?

Тешко дека ќе кажам нешто ново за бугарското општество, но историскиот спор е најсериозен
проблем во билатералните односи. Јас лично мислам дека за сите други проблеми – било да се тоа во економијата, или во политиката, може да се најдат релативно брзи решение, се додека двете влади го прават тоа со добра волја. Но, прашањето за историската контроверзија е многу сложено. Проблемот е формиран пред многу децении и длабокиот јаз што постои меѓу двата историски наратива – на Бугарија и РСМ, е во основата на пројавите на омраза што ги гледаме особено во последно време.


Каква е бугарската и каква е македонската позиција во спорот?


Главната теза на Бугарија е дека помеѓу денешното население на РСМ и населението на Бугарија до
средината на дваесеттиот век има заедничка историја. Без разлика на перипетиите на историската судбина, мора да речеме дека овие региони се развиле со заеднички политички, културни и економски процеси. Ние немаме причина да веруваме дека, тоа што се случувало во географската територија на Македонија се разликувало од она што се случувало во другите географски области на Бугарија – Мизија и Тракија. Ова е докажано со безброј документи. Немаме никакви извори да тврдиме дека има некаква разлика или со населението во Македонија во споредба со другите делови во кои се развивала Бугарија, во однос на тековните процеси.
На спротивната страна е македонската теза која се обидува да се огради од идејата дека
Бугарија и РСМ имаат заедничка историја. Нивната главна теза е дека уште од антиката, од времето на пишаната историја до денес, во Македонија е формирана многу поразлична заедница отколку таа во Бугарија. Во прилог на таа теза не можат да се најдат научни аргументи. Колегите од PCM се соочени со огромен проблем со изворите. Ќе дадам пример. Изворите кога зборуваат за населението во областа Македонија, го нарекуваат „христијанско, „словенско“, но во повеќето случаи го дефинираат како „бугарско“. Терминот „Бугари“ кога е Македонија во прашање изобилува. Соочени со оваа категоричност на
изворите, главната теза на нашите колеги, за која нема аргументи, е дека терминот се јавува многу
често, но всушност треба да се толкува не како етноним, туку како политоним, односно тоа било населението на тогашната држава Бугарија и затоа изворите ги нарекувале Бугари, без да се наведе дека тие етнички не биле Бугари. Оваа теза е целосно неоснована.

Целото интервју на проф. Даниел Вачков прочитајте го на следниот линк.

Слични Објави