| |

Станкушев: Одлуката за протерувањето на руските шпиони е правилна

Како правилна ја оцени одлуката за протерување на руските шпиони од Бугарија бугарскиот новинар и директор на „Антикорупцискиот фонд“ Бојко Станкушев.

„Протерувањето на шпиони е правилна одлука. Ако некој тврди дека тоа не е во ред, нека објасни зошто. И второ, нека стави рака на срце и да рече „Не им верувам на бугарските специјални служби. Слушнав секакви коментари последниве денови, но не ги слушнав ниту најагресивните опозиционери во парламентот, а и надвор од него, да кажат такво нешто. Секоја нормална држава има безбедносен систем, дел од кој се специјалните служби, контраразузнавањето, разузнавањето и други. Тие за тоа постојат. Затоа ние даночните обврзници плаќаме даноци – за да можат да имаат буџет и да работат“, изјави Станкушев пред бугарската Нова телевизија.

Според него, е нормално Русија „како земја која се чувствува како голема сила да има таков агентски апарат и соодветни служби“.

„Големото прашање овде не е дали има или не, туку зошто безбедносниот систем во Бугарија не е реформиран и такви работи сè уште се случуваат. Смирувачки е фактот е што тоа се случува и во развиените западни демократии“, нагласи Станкушев.



Слични Објави