Најголемиот пловен објект ќе биде огромен град и ќе чини 8 милијарди долари

/

Најновата лускузна јахта во светот ќе се вика Пангеос – крстена по Пангеја, голем континент кој постоел пред повеќе од 200 милиони години. Цената за реализација на овој огромен град ќе биде 8 милиони долари, велат од дизајнерското студио Lazzarini.

Не е ни чудо што е толку скапо, имајќи во предвид дека ова ќе биде најголемиот пловен објект што некогаш бил изграден. Должината на јахтата ќе биде 550 метри со ширина 610 метри, пренесе CNN.

Ова ќе биде „пловен град“ на дизајнерското студио Lazzarini. Јахтата ќе нуди хотели, трговски центри, паркови, па дури ипристаништа за мали бродови и писти за авиони. Самата конструкција е во форма на огромна желка.

Пловната градба ќе биде како вистински град. Пангеос ќе располага со пристаниште и центар. Горниот дел на јахтата ќе се користи како место за слетување на авиони. Ќе има сончеви панели за полнење на јахтата.

Наместо да работи од одредено пристаниште или да има одредена маршрута, желката едноставно ќе кружи, претворајќи го патувањето во дестинација.



Лазарини се надева дека изградбата може да започне во 2033-та година и предвидува осумгодишен период за изградба.

Сепак, градењето на пловниот град ќе бара посебно место, кое во моментов не постои. Дизајнерите го насочиле погледот кон Саудиска Арабија како место за градење на јахтата. Околу еден квадратен километар од морето ќе биде ископан за да биде изградена кружна брана пред да започне градењето на пловниот град. Дизајнерите како идеална локација го одредиле место во пристаништето на кралот Абдула.

Претходна статија

Како се градеше комунистичкиот споменик-летечка чинија на бугарскиот врв Бузлуџа

Следна статија

Градоначалникот на Благоевград за нападот врз бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид: Да не подлегнуваме на провокациите, луѓето од двете страни на границата не се непријатели

Најново од Вести