Во Уметничката галерија во Ловеч ќе биде отворена изложба за животот и делото на егзархот Јосиф
Во Уметничката галерија во Ловеч вечерва ќе биде отворена изложба посветена на животот и делото на егзархот Јосиф I, по повод 185-годишнината од неговото раѓање и 155-годишнината од основањето на Бугарската егзархија, јавува БНР.
Изложбата ја подготви Регионалниот историски музеј. Истата го претставува животот и делото на егзархот Јосиф преку 22 панели, објасни историчарот Христо Тодоров:
„Изложбата е фототипна. Таа го отсликува неговиот живот прво како световна личност, потоа како ловчански митрополит, а потоа и како бугарски егзарх. Тој ја презеде должноста бугарски егзарх во 1877 година. Целиот негов свесен живот бил посветен на бугарскиот народ, за зачувување на бугарската вера. Неговата цел била да ја припои Македонија кон Бугарија. Дејствувајќи како бугарски егзарх, тој успеал да го постигне она што нашите политичари во тоа време не можеле да го направат. Со неуморни напори и работа, со фермани и молби до султанот, тој успеал да постигне толку многу, да ја зачува бугарската вера и бугарскиот народ. Изградбата железната црква „Св. Стефан“ на Златниот Рог во Истанбул, започнала во 1891 година благодарение на егзархот Јосиф I, кој го поставил камен-темелникот на храмот.
Егзархот Јосиф е роден на 5 мај 1840 година во Калофер. Тој бил митрополит на Ловеч, пред да застане начело на Бугарската егзархија. Во 1902 година станал првиот почесен граѓанин на Ловеч. Централниот плоштад во градот го носи неговото име, каде што се наоѓа неговиот споменик, како и Општата гимназија во Ловеч, прва од таков тип во Бугарија. Изложбата се отвора во 17:30 часот.