ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ВО БУГАРИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЗАРАДИ СКАП АВИОНСКИ БИЛЕТ

//

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов ја прифатил оставката на заменик-министерката за труд и социјална политика на Бугарија Росица Димитрова по објавената вест за скапата авионска карта, што таа ја искористила за да учествува на 11-тата конференција на Конвенцијата за правата на луѓето со посебни потреби во Њујорк.

Министерката потрошила речиси 4, 5 илјади евра буџетски пари, од кои речиси 80% ја сочинувале цената на авионската карта за бизнис класа.

Министерот Валери Симеонов ја оправда постапката на својата колешка со тоа дека, таа морала да присуствува на Конференцијата и немала опција да купи поевтина карта, бидејќи била испратена на таа работна посета во последен момент.



Потсетуваме дека и во Македонија имаше сличен случај кога директорот на Агенцијата за туризам Александар Донев беше разрешен со одлука на Владата откако се дозна дека патувал со авионска карта за бизнис класа за Аргентина. Неговите службени престои и во други земји, Јапонија, Албанија, Британија… исто така не останаа незабележани во однос на потрошените буџетски пари.

Донев се оправда дека купил скапа авионска карта заради набиената агенда што ја имал како прв човек на Агенцијата за туризам.

Претходна статија

ПОКАНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ТОЧКА НА СОСТАНОКОТ НА НАТО

Следна статија

ПЕТАР КОЛЕВ: МРШОЈАДЦИТЕ СЕ КОРИСНИ ЗА ЕКОСИСТЕМОТ, НО НЕ И ВО МОМЕНТОВ

Најново од Вести