СЕВЕРНА КОРЕЈА ДОНЕСЕ НОВ УСТАВ. ПОГОЛЕМИ ИНГЕРЕНЦИИ ЗА ЛИДЕРОТ!

Северна Кореја донесе нов устав со кој и официјално Ким Јонг Ун го прогласува како шеф на државата и како главен командант на армијата.

Во претходниот устав Ким беше назначен само како врховен лидер и команаднт на вооружените сили. Со новата функција тој станува и официјален претставник на народот на Северна Кореја.

Анализа на Ројтерс претпоставува дека таквиот чекор е подготовка за склучување на мировен договор со САД.

Пјонгјанг долго повикуваше на мировен договор со САД, за да се нормализираат односите меѓу двете земји и да се заврши технички воената состојба која трае од крајот на Корејската војна (1950-1953), кога е потпишано примирје, но не и мировен договор.

Извор: Алсат